• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 115 возачи во Скопје

Санкционирани 115 возачи во Скопје

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, во рамки на кои на територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки.

Како што соопшти МВР, меѓу изречените мерки се и осум за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола и седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан