• среда, 27 ноември 2024

Санкционирани 109 возачи на територијата на СВР Тетово

Санкционирани 109 возачи на територијата на СВР Тетово

Скопје, 29 јануари 2023 (МИА) - Санкционирани се 109 возачи на територијата на СВР Тетово при денешната акциска контрола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Во периодот од 11 до 17 часот, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 109 возачи. Од нив, 22 за возење без возачка дозвола, 44 за непрописно вградени фолии - затемнети стакла, шест за истечена важност на регистрација и осум мерки кон возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се појаснува во соопштението на МВР.

Оттаму наведуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во соопштението се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. бд/вг/

Остани поврзан