• недела, 22 декември 2024

Саинц ќе дебитира за Вилијамс во Абу Даби

Саинц ќе дебитира за Вилијамс во Абу Даби

Абу Даби, 15 ноември 2024 (МИА) - Тимот на Вилијамс официјално потврди дека Карлос Саинц ќе го има своето неофицијално деби со тимот за време на еднодневниот тест што ќе се одржи на патеката Јас Марина веднаш по завршувањето на сезоната во Формула 1 2024 година.

Како што е познато, Шпанецот ќе се раздели со Ферари на крајот на годината, откако Скудерија избра да го доведе Луис Хамилтон како тимски колега на Шарл Леклер. Сепак, за разлика од неговиот заменик, Саинц ќе може да започне со работа со новиот тим пред крајот на 2024 година.

Иако неговиот договор со Ферари е до 31 декември, Саинц доби дозвола да вози за Вилијамс за време на тестот во Абу Даби. На „Јас Марина“ тој ќе биде зад воланот на болидот ФВ46 со кој Вилијамс се трка оваа сезона.

Се уште не е јасно дали Саинц ќе го помине целиот ден во болидот или дали Вилијамс ќе ја подели програмата меѓу него и Алекс Албон, кој ќе биде другиот стартер на тимот следната година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан