• понеделник, 23 декември 2024

САД ѝ предложи на Грција билатерален договор за фрегати

САД ѝ предложи на Грција билатерален договор за фрегати
Атина, 26 мај 2021 (МИА) – Предлог за билатерален договор за фрегати, доставила американската воена морнарица до министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос, како што преку Твитер соопшти амбасадорот на САД во Атина Џефри Пајат, јави дописничката на МИА од Атина. Пајат напиша дека заедно со адмиралот Морли го презентирале предлогот за фрегатите, односно за договор меѓу двете Влади „со долгорочно влијание: домашно производство, зајакнување на грчката бродоградбена индустрија, создавање нови работни места и најнапредна поморска способност во регионот“. ср/

Остани поврзан