• среда, 27 ноември 2024

САД ќе и обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“

САД ќе и обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“

Вашингтон, 12 јуни 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден планира да и обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од руски воздушни напади, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада.

Бајден ја донел одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата недела, објави весникот.

Според „Њујорк Тајмс“, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на линијата на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем „Патриот“ од американско производство што Вашингтон ќе му го достави на Киев.

Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД првпат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан