• вторник, 24 декември 2024

САД со визни забрани за речиси 900 руски службеници, санкции за тројца олигарси и повеќе компани и научни институции 

САД со визни забрани за речиси 900 руски службеници, санкции за тројца олигарси и повеќе компани и научни институции 

Вашингтон, 2 август 2022 (МИА) САД воведуваат визни ограничувања и санкции против голем број официјални службеници и лица од блискиот круг на рускиот претседател Владимир Путин, а како „последица на безразумната војна на Русија против Украина“, соопштија денеска од Стејт департментот. 

Во денешното соопштение се наведува дека се воведуваат визни забрани за 893 официјални лица, вклучувајќи членови на Советот на федерацијата (рускиот Сенат) и воени припадници. 

Под санкции потпаѓаат и тројца руски олигарси, „соучесници на Путин“. Се работи за Димитриј Пумпјанскиј, Андреј Мелниченко и Александар Пономаренко. Сите се веќе санкционирани од ЕУ, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. 

Под санкции потпаѓаат неколку компани и голем број на руски научни институции како на пример Фондацијата Сколково и нејзините филијали и компании за наука и технологија (Сколетек) и Технопарк. Санкцоинирани се и бројни институти чии зачетоци и научни достигања датираат уште од времето на СССР, а кои работат во такви области како елетротехника, електроника и компјутери, регулација и мерење, оптика, системска анализа, институци за нанотехнологији и полупроводници и други. 

-Како резултат на денешната акција, сиот имот и интереси во имот на наведените лица што се наоѓа во САД или се во посед и контрола на американски лица се блокирани и мора да бидат пријавени кај ОФАК, соопштија од Стејт департментот. 

Исто така, на американски компании им се забранува да вршат дејности со наведните лица и компании, осван ако за тоа не се добие специјална дозвола од ОФАК. Ако наведените лица имаат директен или посреден удел од барем 50 отсто во американски компании, блокирани се и тие. 

ОФАК е Упава за контрола на странски капитал при Министерството за финансии на САД. кб/ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан