• сабота, 23 ноември 2024

САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари

САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари

Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави подготвуваат пакет воена помош за Украина од 375 милиони долари, со што се прекинува повеќемесечниот тренд на испраќање помали пакети, изјавија двајца американски претставници.

Тие велат дека новиот пакет доаѓа во клучен момент од војната, бидејќи Русија ја напаѓа енергетската мрежа на Украина пред критичните зимски месеци.

Пакетот помош, кој се очекува да биде објавен следната недела, вклучува патролни чамци, дополнителна муниција за артилериските ракетни системи ХИМАРС, артилериска муниција од 155 и 105 милиметри, резервни делови и друго оружје.

САД од мај не испратиле пакет воена помош од повеќе од 275 милиони американски долари, користејќи ги овластувањата на претседателот што му овозможуваат користење од моменталните залихи оружје со цел да им се помогне на сојузниците во итен случај.

Во август, додека украинската армија влегуваше на руска територија и во исто време ги губеше своите територии на исток поради рускиот напредок, САД испратија два пакета од по 125 милиони долари.

Американскиот Конгрес во април донесе закон со кој се дозволува обновување на испораката на оружје за Израел, Украина и Тајван во износ од 95 милијарди долари. Покрај 61 милијарда долари за Украина, пакетот вклучува 26 милијарди долари за Израел, како и средства за обезбедување хуманитарна помош за цивилите во конфликтните зони, вклучувајќи го и Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан