• петок, 05 декември 2025

САД и Мексико постигнаа договор за продолжување на трговските разговори за царините

САД и Мексико постигнаа договор за продолжување на трговските разговори за царините

Мексико Сити, 27 октомври 2025 (МИА) – САД и Мексико се согласија да ги продолжат преговорите за трговските царини за уште неколку недели, соопшти денеска мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Разговорите се однесуваат на барањето на Вашингтон за укинување на 54 трговски бариери што влијаат на американскиот извоз кон Мексико.

Во јули, двете држави се договорија да го продолжат постојниот тарифен режим и да го одложат воведувањето на дополнителни казнени царини од страна на САД за 90 дена, до 1 ноември. Сепак, сегашните давачки остануваат во сила, меѓу кои и 25 отсто царина за автомобили и одредени други производи од Мексико, како и 50 отсто царини за челик, алуминиум и бакар.

САД, Мексико и Канада се членки на северноамериканскиот трговски договор НАФТА, кој овозможува најголемиот дел од мексиканските производи произведени под рамките на договорот да влегуваат на американскиот пазар без царина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан