• среда, 27 ноември 2024

САД им укажале на Русите дека токму „Крокус сити хол“ е можна цел на терористички напад

САД им укажале на Русите дека токму „Крокус сити хол“ е можна цел на терористички напад

Вашингтон, 3 април 2024 (МИА) - На почетокот на март САД ги предупредиле руските безбедносни агенции дека постои закана од терористички напад во Русија и посочиле дека концертната сала „Крокус сити хол“ е можна цел на нападот.

Повикувајќи се на двајца неименувани службеника, весникот „Вашингтон пост“ објави дека информацијата за подготовка на терористички напад американските служби ги предале на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 6 март, еден ден пред амбасадата на САД во Русија да објави соопштение за можна закана од терористички напад во Москва.

Меѓудругото, се посочувало дека терористичкиот напад може да се случи за време на концерт.

Според зборовите на еден од изворите на весникот, САД, исто така, ги предупредиле руските власти за можен напад на синагога во Москва.

На 7 март ФСБ соопшти дека спречила терористички акт во московска синагога. кб/сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан