• понеделник, 16 декември 2024

САД длабоко загрижени од одмрзнувањето на севернокорејски активи во Русија

САД длабоко загрижени од одмрзнувањето на севернокорејски активи во Русија

Вашингтон, 9 февруари 2024 (МИА) – Портпарол на Стејт департментот изрази сериозна загриженост по соопштенијата дека Русија одобрила размрзнување на севернокорејски активи во вредност од девет милиони долари и најверојатно му помага на Пјонгјанг да добие пристап до меѓународниот банкарски систем.

За ова неделава објави весникот Њујорк тајмс, укажувајќи дека помошта на Москва доаѓа откако Северна Кореја започнала да ја снабдува Русија со оружје за користење во Украина.

Повикувајќи се на извори во разузнавачките служби на сојузниците, весникот објави дека руските власти одобриле размрзнување на девет милиони долари од замрзнатите активи на Северна Кореја што се во вкупна сума од 30 милиони долари. Парите се наоѓале во еден од руските финансиски институции.

- Секако, длабоко не загрижува зближувањето на двете земји, и не само конкретно овој настан, изјави Вадент Пател, заменик портпарол на Стејт департментот.

Тој додаде дека САД внимателно ги следат блиските врски меѓу Русија и Северна Кореја земји. кб/

Остани поврзан