• среда, 25 декември 2024

САД го предупредија Израел дека офанзивата во Либан може да предизвика поширока војна и да го вовлече Иран

САД го предупредија Израел дека офанзивата во Либан може да предизвика поширока војна и да го вовлече Иран

Вашингтон, 24 јуни 2024 (МИА) - Шефот на Здружениот ГШ на американската армија предупреди дека израелската офанзива во Либан против милитантната група Хезболах поддржана од Иран ќе го зголеми ризикот од поширок конфликт во кој ќе биде вовлечен и Иран.

Генералот Чарлс К. Браун, изјави дека Иран „ќе биде посклон да му даде поголема поддршка на Хезболах“, додавајќи дека милитантите имаат повеќе ресурси од Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека „интензивната фаза“ од борбата против Хамас во Газа ќе заврши „многу брзо“ и додаде дека Израел најверојатно ќе премести војници на границата со Либан.

Војната во Газа и ризикот од поширок конфликт ќе бидат во фокусот на денешните разговори во Вашингтон меѓу израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин.

„Подготвени сме за каква било акција што може да биде потребна во Газа, Либан и во повеќе области“, наведе Галант во соопштение. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан