• сабота, 21 декември 2024

САД ги поздравуваат протерувањата на руските разузнавачи во Европа

САД ги поздравуваат протерувањата на руските разузнавачи во Европа
Вашингтон, 30 март 2022 (МИА) - САД ги поздравуваат протерувањата на руски разузнавачи од страна на сојузници и партнерите во Европа и насекаде во светот, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент. -Како што нашите партнери подвлекоа, овие акции се одговор на активностите на овие лица, кои се во спротивност со нивниот дипломатски статус, и агресијата на Руската Федерација во Украина, изјави портпаролот Нед Прајс. Во координирана акција денеска, Ирска, Белгија, Холандија и Чешка Република денеска протераа 43 руски дипломати. Ова следува откако други НАТО сојузници како Полска, Бугарија и Северна Македонија, минатата недела исто така протераа руски дипломати. Стоиме обединети со нашите партнери во заштита на нивната национална безбедност од разузнавачките закан на Русија и против заканите за демократијата, се вели во соопштението, и се додава дека САД продолжуваат со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. - САД се посветени на работата со нашите сојузници и партнери за да се одржи притисокот врз Руската Федерација и да се заштитат нашите општи национални интереси од акциите на Руската Федерација, се вели во соопштението. кб/

Остани поврзан