• среда, 15 април 2026

САД ветија дополнителни 116 милиони долари помош за бегалците Рохинџа во Бангладеш 

САД ветија дополнителни 116 милиони долари помош за бегалците Рохинџа во Бангладеш 

Вашингтон, 22 септември 2023 (МИА) - САД обезбедуваат повеќе од 116 милиони долари дополнителна хуминатарна помош за ранливото население на Бурма, Бангладеш и регионот, вклучувајќи повеќе од 74 милиони долари помош за бегалците Рохинџа и заедниците каде тие престојуваат, соопшти синоќа државниот секретар Ентони Блинкен. 

Од 2017 година, повеќе од 740,000 Рохинџа побегнаа во Бангладеш од геноцидот, злосторствата против човештвото и етничкото чистење во државата Ракајн во Мјанмар, позната по старото име Бурма. 

-Со оваа нова помош, вкупната поддршка на САД за кризното подрачје на Бурма, Бангладеш и регионот од 2017 година досега изнесува 2.2 милијарди долари, изјави Блинкен.  

Помошта се состои и од вода за пиење, медицинска заштита, образование, засолниште и психолошка подршка. 

Од Стејт департметот истакнуваат дека финансиската помош е животно важна за речиси еден милион Рохинџа бегалци во Бангладеш „од кои многмина преживеале кампањи на геноцид, злосторства против човештвото и етничко чистење“. 

-Помошта е и за 540,000 членови на заедниците во Бангладеш кои широкградо ги примија кај себе бегалците. 

САД ја пофалија широкоградоста на владата и народот на Бангладеш и останатите земји кои им дадоа прибежиште на Рохинџа и ги повикаа останатите донатори да се приклучат кон хуманитарниот одговор во Бангладеш со подршка за настраданите од насилствата во Бурма а за решавање на бегалската криза во регионот. кб/ ссм/

Остани поврзан