• сабота, 23 ноември 2024

Сабаленка: Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим

Сабаленка: Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим

Ријад, 5 ноември 2024 (МИА) – Првиот светски рекет во женскиот тенис, Арина Сабаленка ги искажа своите импресии по вчерашната победа над Јасмин Паолини на завршниот турнир во Ријад.

Белорусинката ја победи Италијанката со 6:3 и 7:5 во меч што траеше еден час и 31 минута.

- Целиот меч беше тежок, не само крајот. Јасмин е одлична тенисерка, притискаше, одлично се движеше и одлично сервираше. Ова е важна победа за мене, среќна сум, особено од тоа како го спасив вториот сет кој ми се лизгаше низ прсти. Во тој момент се обидов да останам агресивна. Горда сум не само на себе, туку и на мојот тим. Поминавме низ многу. Без тимска работа, не можете да достигнете толку големо ниво на тенис и да станете број еден во светот. Не сум само јас - правиме многу работа надвор од теренот што никој не ја гледа. Момците прават многу за мене, навистина го ценам тоа. Ме мотивираат да победам на овој терен и ја заслужуваат титулата најдобар тим во светот, изјави Сабаленка.

Трета година по ред белоруската тенисерка ќе игра во финалниот плејоф: во 2022 година стигна до финалето (загуби од Каролин Гарсија), а во 2023 година загуби од Ига Швјонтек во полуфиналето. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан