• недела, 23 февруари 2025

Руте ќе присуствува на заедничко комисиско заседание во Европскиот парламент 

Руте ќе присуствува на заедничко комисиско заседание во Европскиот парламент 

Брисел, 13 јануари 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Марк Руте попладнево ќе учествува на заеднички состанок на членовите на три тела на Европскиот парламент - Комитетот за надворешни работи  (АФЕТ), на Поткомитетот за безбедност и одбрана (СЕДЕ) и на Делегацијата за односи со Парламентарното собрание на Алијансата. 

Како што соопшти Европарламентот, цел на состанок е размена на мислење меѓу Руте и европратениците за руската агресија врз Украина, за очекувањата од претстојната американска администрација, како и за други регионални и глобални безбедносни закани за кои е потребна тесна соработка меѓу ЕУ и НАТО. 

Во тој контекст се очекува да стане збор за напорите за зајакнување на одбраната и одвраќањето на НАТО, како и за испораката на воена помош за Украина. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан