Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред денешната конференција во Лондон изјави дека ќе бара зголемување на воздухопловната и антиракетна одбрана на Алијансата за 400 проценти со цел да се соочи со Русија која „сее терор“ на небото
Лондон, 9 јуни 2025 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред денешната конференција во Лондон изјави дека ќе бара зголемување на воздухопловната и антиракетна одбрана на Алијансата за 400 проценти со цел да се соочи со Русија која „сее терор“ на небото.
- Треба да направиме скок напред во нашата колективна одбрана … факт е дека опасноста не исчезнува дури ни со крајот на војната во Украина. Гледаме како Русија во Украина сее терор на небото и поради тоа ние ќе го зајакнеме штитот кој го штити нашиот воздушен простор, ќе истакне Руте на состанокот и Институтот Чатам хаус во Лондон.
Предвидена е и средбата на Руте со британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит. ми/
фото: ЕПА