Руски заменик-министер во посета на Северна Кореја
- Заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Андреј Руденко, е во посета на Северна Кореја, објавија севернокорејските државни медиуми. Неговата посета доаѓа во време кога САД предложија прекин на огнот во Украина, а според украински, американски и јужнокорејски извори, илјадници севернокорејски војници се распоредени како поддршка на руските сили.

Пјонгјанг, 15 март 2025 (МИА) - Заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Андреј Руденко, е во посета на Северна Кореја, објавија севернокорејските државни медиуми. Неговата посета доаѓа во време кога САД предложија прекин на огнот во Украина, а според украински, американски и јужнокорејски извори, илјадници севернокорејски војници се распоредени како поддршка на руските сили.
Руденко е активно вклучен во развојот на односите меѓу Москва и Пјонгјанг по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Тој беше и дел од руските делегации во почетните мировни преговори со Украина. Според севернокорејската новинска агенција КЦНА, рускиот дипломат посетил и значаен споменик во Пјонгјанг, но без да даде дополнителни детали.
Американските власти тврдат дека повеќе од 12.000 севернокорејски војници се наоѓаат во Русија и се борат во пограничниот регион Курск. Поранешната заменик-амбасадорка на САД во ОН, Дороти Шеа, во јануари изјави дека тие биле испратени како поддршка за руските сили. ссм/
фото: архива