• вторник, 24 декември 2024

Руски генерал најави рефрома на противвоздушната одбрана поради украинските напади и влезот на Финска во НАТО

Руски генерал најави рефрома на противвоздушната одбрана поради украинските напади и влезот на Финска во НАТО

Москва, 10 април 2023 (МИА) - Руската воздушна одбрана се соочи со низа предизвици поради украинските напади, изјави денеска генерал Андреј Демин, заменик началник на руските воздухопловни и вселенски сили. Во денеска објавеното интервју за весникот „Црвена ѕвезда“ тој најави дека поради овие предизвици, како и поради влезот на Финска во НАТО, Русија ќе ја реформира својата противвоздушна одбрана.

Русија распореди повеќе од 50 мобилни радарски станици, авион А-50 за рано предупредување и контрола патролира 24 часа на ден, а ракетните и противвоздушните системи во областите во близина на Украина се зајакнати, рече Демин.

Противвоздушните единици во украинските провинции под руска контрола се распоредени за да ги одбранат клучните инсталации, а Русија го зголеми производството на системи против беспилотни летала RLK-MC, додаде тој.

Реформите „несомнено се во план и ќе се спроведат“, рече Демин.

„Целта на претстојните промени е развој на вооружените сили, насочени кон подобрување на противвоздушниот систем на Руската Федерација“, објасни тој.

Демин истакна дека Москва, исто така, ќе ја зајакне својата одбрана откако Финска, која дели 1.300 километри граница со Русија, се приклучи на НАТО.

Во овие услови, противвоздушните сили го решаваат прашањето за заштита на државната граница во северозападниот дел на земјата во согласност со зголеменото ниво на закана“, рече Демин.

Руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари минатата година и која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, се претвори во исцрпувачка артилериска војна со широка употреба на беспилотни летала и ракети, тестирајќи ги противвоздушните способности на двете земји. ссм/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан