• сабота, 20 декември 2025

Русија репатрира 1.200 тела во Украина

Русија репатрира 1.200 тела во Украина

Киев, 13 јуни 2025 (МИА) – Телата на 1.200 убиени Украинци во војната со Русија денеска се вратени во татковината, соопшти украинскиот Координативен штаб.

Како резултат на активностите за репатријација, телата на 1.200 жртви се вратени во Украина. Според Русија, телата се на Украинци, вклучително и војници. Враќањето е извршено во согласност со договорот (од Истанбул), се наведува во соопштението.

Ќе следи идентификација на жртвите. ми/

фоот: ЕПА

Остани поврзан