• сабота, 23 ноември 2024

Русија протестира против влез на италијански новинар во Курската област

Русија протестира против влез на италијански новинар во Курската област

Москва, 27 септември 2024 (МИА) - Русија денеска изрази протест поради влезот на уште еден италијански новинар во Курската област заедно со украинските сили, пренесува АНСА.

Реакцијата на Москва се однесува на новинарот Давиде Марија де Лука, кој работи за неколку медиуми, вклучувајќи го и весникот „Домани“.

Претходно, овој месец рускиот амбасадор во Италија беше повикан од италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани, поради објавата дека новинарката Стефанија Батистини е ставена на список за барани лица во Русија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан