• понеделник, 23 декември 2024

Русија произведува нов камиказе дрон со кинески мотор, тврдат европски разузнавачки извори

Русија произведува нов камиказе дрон со кинески мотор, тврдат европски разузнавачки извори

Москва, 13 септември 2024 (МИА) - Од минатата година, Русија произведува ново беспилотно летало со долг дострел наречено „Харпи-А1“ користејќи кинески мотори и делови и го употребила ова оружје во војната во Украина, соопштија два европски разузнавачки извори и документи доставени до Ројтерс, пренесе БТА.

Разузнавањето, кое вклучува договор за производство на новиот дрон, кореспонденција на компанијата во врска со производството и финансиските документи, укажува дека електромеханичката фабрика Ижевск (ИЕМЗ) „Купол“, која е подружница на рускиот државен производител на оружје „Алмаз-Антеј“, има произведено повеќе од 2.500 дронови „Харпи“ од јули 2023 до јули 2024 година.

Постоењето на нов руски дрон, за чие создавање беше користена и кинеска технологија, досега не беше пријавено. ИЕМЗ „Купол“ и „Алмаз-Антеј“ не одговориле на барањата за коментар.

Двата разузнавачки извори рекоа дека „Харпи“ бил користен против воени и цивилни цели во Украина, оштетувајќи ја критичната инфраструктура и предизвикувајќи цивилни и воени жртви. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан