• понеделник, 22 декември 2025

Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена

Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена

Истанбул, 2 јуни 2025 (МИА) – Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека Русија, на втората рунда директни преговори со Украина, предложила делумен прекин на огнот во траење два до три дена на одредени делови од фронтот.

- Предложиме конкретен прекин на огнот во траење од два до три дена на поединечни подрачја од фронтот, за командантите да ги земат телата на своите војници, посочи Медински.

Тој потврди дека на Украина и е предаден меморандум со условите за целосен прекин на огнот. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан