• сабота, 23 ноември 2024

Русите тврдат дека влегле во Вовчанск, Украина негира, но оцени дека „ситуацијата е тешка“

Русите тврдат дека влегле во Вовчанск, Украина негира, но оцени дека „ситуацијата е тешка“

Москва, 13 мај 2024 (МИА) - Русија тврди дека нејзините сили влегле во градот Вовчанск во североисточниот дел на границата, во близина на вториот по големина град во Украина, Харков.

Украина потврди дека Русија денеска ги интензивирала копнените операции кон Харков, напаѓајќи нови области со мали оперативни, борбени групи за да го прошири фронтот и да ги истроши украинските сили, но не и дека руските војници влегле во Вовчанск.

Гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов оцени дека „ситуацијата е тешка“.

Според него, од петокот руските војници влегуваат во Украина во близина на Харков, отворајќи нов североисточен фронт во војната која се води главно на исток и југ речиси две години.

„Непријателот се обидува намерно да ја истегне линијата на фронтот, напаѓајќи во мали групи, но во нови насоки. Ситуацијата е тешка“, изјави гувернерот Сињехубов. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан