• недела, 21 јули 2024

РОУ „Браќа Миладиновци“ Куманово со нова енергетско ефикасна фасада

РОУ „Браќа Миладиновци“ Куманово со нова енергетско ефикасна фасада
Куманово, 10 август 2022 (МИА) - Заврши поставувањето на новата енергетско ефикасна фасада на реонското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во близина на Соколана во Куманово, информираа денеска надлежните од училиштето. Учениците кои учат во овој истурен објект од наредната учебна 2021/22 година ќе следат настава во објект со реновирана фасада. Надлежните очекуваат со новата енергетско ефикасна фасада да се намалат трошоците за греење на учениците од нижите одделенија кои следат настава во овој објект од училиштето. Во реонското училиште настава следат околу 500 ученици од прво до петто одделение од две централни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“. - Во услови на зголемени цени на енергенси, со поставувањето на енергетски ефикасна фасада очекуваме да се намалат трошоците за греење на овој објект во кој настава следат ученици од прво до петто одделение кои живеат од реонот накај Соколана Куманово, изјави директорката на училиштето, Јасмина Спасовска. Санацијата на фасадата се изведува во рамки на проектот кој го спроведува Центарот за развој на североисточниот плански регион, насловен „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“, кој финансиски е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој.ам/вј/

Остани поврзан