• среда, 25 декември 2024

Роси ќе остане во Мото ГП и во 2021 година

Роси ќе остане во Мото ГП и во 2021 година
Мол, 26 септамври 2020 (МИА) - Деветкратниот светски шампион во мотоциклизам Валентино Роси ќе ја продолжи својата тркачка кариера најмалку за уште една година во класата МотоГП откако претходно денес потпиша договор со тимот на Петронас Јамаха СРТ. Така, „Докторот“ ја обезбеди својата 21-ва сезона во кралската класа, каде освои седум светски титули, од кои последната во далечната 2009 година. Иако Роси ќе вози во сателитски тим, тој ќе ужива во целосна поддршка од фабриката од Јамаха, каде 15 од последните 17 сезони ги помина во МотоГП. - Во име на Петронас Јамаха СРТ и сите наши партнери, би сакал да кажам дека за нас е голема привилегија да го пречекаме Валентино Роси - возач на кој не му треба никакво претставување - како дел од тимот за следната сезона. Неговото искуство ќе биде многу вреден адут за нашиот тим, кој ќе биде во трета сезона во МотоГП во 2021 година и сигурни сме дека ќе научиме многу од Валентино. Во исто време, ќе сториме се што можеме за да му помогнеме да биде конкурентен и да ја оправда довербата што ја дава во нас. Подготвени сме за овој предизвик, прокоментира шефот на тимот, Разлан Разали. Во малезискиот тим, Роси ќе биде партнер со неговиот штитеник Франко Морбидели, кој пред само две недели ја забележа првата победа во кралската класа за време на трката за Големата награда на Сан Марино на патеката „Мизано“.

Тагови

Остани поврзан