• недела, 28 јули 2024

Роналдо трет според број на репрезентативни настапи во европските селекции

Роналдо трет според број на репрезентативни настапи во европските селекции
Париз, 11 октомври 2020 (МИА) - Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо се појави во почетниот состав на вечерашниот натпревар од Лигата на нации против Франција. За 35-годишниот напаѓач овој меч беше 167. за националниот тим. Во оваа статистичка категорија, Роналдо е убедливо лидер во својата земја пред Луис Фиго кој има 12 настапи. Во Европа, тој дојде на третото место, достигнувајќи ги Летонецот Виталиј Астафиев и Шпанецот Икер Касиљас. Само Шпанецот Серхио Рамос (174) и Италијанецот Џанлуиџи Буфон (176) играа повеќе од Роналдо за европските репрезентации. Во светот, Роналдо го дели 11-то место со Астафиев и Касиљјас. На следниот натпревар ќе влезе во Топ 10. Светскиот рекорд сè уште го држи Египќанецот Ахмед Хасан со 184 репрезентативни настапи. зс/

Остани поврзан