• понеделник, 23 декември 2024

Роналдо: Тоа беше една од најдобрите сезони во мојата кариера

Роналдо: Тоа беше една од најдобрите сезони во мојата кариера

Ријад, 4 јуни 2024 (МИА) - Суперѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, верува дека минатата сезона била една од најдобрите во неговата кариера. 39-годишниот напаѓач забележа трета кампања без трофеј во низа, но сепак постигна импресивни 44 гола и 13 асистенции во 45 натпревари во сите натпреварувања. Од сите тие голови, 35 беа дадени во првенствени натпревари, па така Португалецот ја освои „Златната копачка“ во четвртиот различен шампионат со рекорден број погодоци во една сезона во саудиската елита.

-На индивидуален план се чувствувам многу среќен. Искрено, тоа беше веројатно една од најдобрите сезони во мојата кариера. Не само во однос на головите, туку и во однос на асистенциите. Соборувањето рекорди во првенството значи многу, да бидам искрен, бидејќи тоа е моја работа. Тоа не е нешто на што се насочив на почетокот на сезоната, но со текот на времето почнав да гледам дека тоа е можно. Имав можност да им се заблагодарам на моите соиграчи, бидејќи без тимот ништо не е можно на индивидуален план. Сепак, се чувствувам многу горд што го соборив рекордот во шампионатот. Ова е одлично за мене и се чувствувам радосно. Ова е мојата мотивација: да играм фудбал, да тренирам секој ден и да продолжам на овој начин, посочи Роналдо.

Целите за следната сезона, вели, се исти: да даде максимум, да освојува трофеи и, ако е можно, да собира и индивидуални почести.

-Сепак, мојата цел е иста: да бидам истиот Кристијано оваа сезона: да го дадам својот максимум и да му помогнам на Ал-Наср да ги постигне своите цели, што важи и за репрезентацијата на Португалија. Токму тоа го барам за да го задржам своето ниво, прокоментира Роналдо за телевизијата СПЛ откако му беше доделена „Златната копачка“ на првенството. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан