• понеделник, 05 август 2024

Роналдо се изедначи со Меси во постигнато двојник

Роналдо се изедначи со Меси во постигнато двојник

Џеда, 27 декември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна двојник синоќа во натпреварот од 17. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Итихад (5:2).

Така, 38-годишниот Португалец го одигра 157. меч со два постигнати гола и се изедначи со Лионел Меси од Интер Мајами.

Воедно, Роналдо го постигна и својот 53 гол во 2023 година и ги надмина Хари Кејн и Килијан Мбапе на листата на најдобри стрелци годинава.

Роналдо игра за Ал-Наср од јануари 2023 година. Оваа сезона напаѓачот одигра 24 натпревари за Ал-Наср, на кои постигна 23 гола и 11 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан