• понеделник, 17 март 2025

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Штип, 16 март 2025 (МИА) - Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата. 

Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата. 

Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови.

Како што претходно информираше директорот на Клиничката болница Штип, Владко Захариев хоспитализирани се 38 пациенти и сите се стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен. Пациентите со трет степен изгореници се препратени на клиниките во Скопје за натамошен третман. вдј/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан