Роби Вилијамс во карантин - позитивен на Ковид-19
- Тој лани отиде на Карибите со неговата сопруга Ајда Филд и нивните четири деца, па сега одлучија и да го продолжат престојот на островот Сент Бартелеми, каде што изнајмуваат вила која чини 12

Мајами, 20 јануари 2021 (МИА) - Светски познатиот поп-пејач Роби Вилијамс (46) е во карантин откако се заразил со коронавирусот, објави „Дејли мејл“.
Пејачот на крајот на минатата година отиде на Карибите со неговата сопруга Ајда Филд и нивните четири деца, па сега одлучија и да го продолжат престојот на островот Сент Бартелеми, каде што изнајмуваат вила која чини 120.000 евра неделно.
Вилијамс ќе остане во карантин 14 дена, а неговите претставници за печатот одбија коментар на оваа тема. си/