• вторник, 24 декември 2024

РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија

РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија

Скопје, 5 август 2023 (МИА) - Новите централи за производство на електрична енергија од обновливи извори што се изградени во последните 19 месеци, може да ги задоволат потребите за струја на близу 120.000 домаќинства, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во периодот од јануари 2022 година заклучно со јули 2023 година РКЕ има издадено лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 мегавати.

- Со овој нов инсталиран капацитет што е ставен во функција во последната година и седум месеци, може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинства со просечна потрошувачка од 14 градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија и Велес. Станува збор за чиста зелена енергија од Сонце, ветер, вода и биогас, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во 2022 година, како што пишува во соопштението, РКЕ има издадено лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 мегавати, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на јули, 338 централи со инсталирана капацитет од 164,2 мегавати се имаат стекнато со лиценци. бд/ев/

Фото: РКЕ

Остани поврзан