• четврток, 26 декември 2024

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

Скопје, 1 мај 2024

Почитувани,

ИНТЕГРА за првпат во Македонија предлага негативни стапки на данок за егзистенцијалните производи

 
„Ние таргетираме намалување на даноците, за прв пат ќе воведеме нулта стапка на оданочување за иновациски, информатички и високо технолошки знаења во посебна  зона во Велес, на десет хектари, Велес-иновациски информатичка технолошка зона или ВИТЕЗ зона, ќе привлече нови мозоци, не само нашите млади да ги врати од светот, туку и од целиот регион на Југоисточна Европа, и тоа ќе биде таргетирано со нулта стапка на оданочување.

Македонија има бројни иновации, тие ќе добијат шанса во партнерство со државата, да дојдат до прототип, да дојдат до готов комерцијален производ кој ќе биде понуден на бројни меѓународни саеми, и многумина од овие ќе успеат да дојдат до извозен производ кој ќе биде моќен катализатор на новододадена вредност во државата но и на бруто домашниот производ во Македонија“, рече претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија, Љупчо Ристовски.

ВИТЕЗ зоната е еден од моделите, вториот модел е негативни стапки на данок што за прв пат на сцена Македонија ги воведува односно ИНТЕГРА ги предлага за Македонија да ги воведе за делот на оние прехранбени производи кои што значат егзистенцијален минимум тоа е лебот, млекото, маслото за јадење. Таму ќе имаме негативни стапки на оданочување и за примарното производство односно за пченицата, за млекото козјо, овчо, кравјо но и за сончогледот. Тоа подразбира за лебот, за млекото и за маслото за јадење.

Ние ќе таргетираме цена на леб од 20 денари, цена на млеко од 30 денари, цена на масло за јадење од 40 денари, со мерки и инструменти на економските политики, не говорам за мерки и инструменти на социјални политики, туку исклучиво за мерки и инструменти на економски политики по моделот на Адам Смит, чист класичен либертаријански модел на Милтон Фридман, рече Ристовски.

Бројно населени во Македонија е под бремето на извршители-оваа држава ќе мора да донесе одлука, се што е несуштински долг, кој што е неправда во однос на населението ќе мора да го простиме. Бремето врз плеќите на населението е огромно од разни давачки, од разни такси и провизии, рече тој.

Третиот момент кој што е битен е да го сопреме ова зауздано дивеење на банките и банкарскиот сектор во Македонија, на разните финасиски друштва и институции -каматите се огромни, условите за добивање кредити за микро мали средни бизниси се готово неподносливи во Македонија. Така да закочен е тој сектор кој го дава грото од бруто домашниот производ но исто така закочен е оној сектор кој дава нови вработувања во државата, рече Ристовски.

Оттука ние ќе го таргетираме овој сектор со отворање на пазарот за влез на нови банкарски институции, нови брендови во Македонија, рече тој. Врската меѓу Народната банка и комерцијалните банки ќе мора да биде ослободена, не може Народната банка да биде тутор на работата на комерцијалните банки, рече Ристовски.

Коалиција „Храбро за Македонија“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук на Љупчо Ристовски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан