• сабота, 21 февруари 2026

Ретроспективната изложба на Танас Дедов во Виница

Ретроспективната изложба на Танас Дедов во Виница

Виница, 20 февруари 2026 (МИА) - Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска е отворена ретроспективната изложба на Танас Дедов, еден од најплодните и најпознатите ликовни творци од регионот.

Изложбата, која го обележува неговото шестдецениско творештво, вклучува и некои  негови значајни и познати дела, кои ја потврдуваат неговата посветеност кон  сликањето и неговото влијание на развојот на ликовната сцена во овој дел на Македонија.

- Со оваа изложба, Дедов не само што ги претставува своите најистакнати творби, туку ја нуди и можноста посетителите да го почувствуваат неговиот уметнички пат и инспирација, рече Александра Давиткова, директорка на виничкиот дом за култура „Тошо Арсов“, цитирајќи извадок од рецензијата што за ретроспективната изложба на сликарот од Кочани ја има напишано Евтим Клетников, македонски поет и ликовен и книжевен критичар.

- Делата на Танас Дедов се вистински сведоштва за неговата долгогодишна посветеност на уметноста, вели Габриела Стефановска, в.д. директор на ЦК „Бели мугри“ од Кочани, под чија закрила Дедов творел во голем дел од својата кариера.

Неговата иложба „Шеесет години ликовно творештво“ во ДК „Тошо Арсов“ во Виница ќе биде отворена за посетителите во наредните две недели. ис/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан