• вторник, 11 февруари 2025

Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем

Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем

Киев, 11 февруари 2025 (МИА) - Украина воведе вонредни ограничувања за снабдување со електрична енергија, објави денеска министерот за енергетика на земјата, нагласувајќи дека руските сили во моментот извршуваат нови напади врз енергетскиот систем.

„Од утринава, енергетскиот сектор е повторно под напади“, објави министерот за енергетика Герман Галушченко на социјалните мрежи.

„Со цел да се минимизираат можните последици за енергетскиот систем, операторот на системот за пренос применува итни ограничувања за снабдување со електрична енергија“.

Тој додаде дека гасната инфраструктура била цел и дека властите ќе дадат повеќе информации кога ќе дозволи безбедносната ситуација. зш/

Остани поврзан