• вторник, 24 декември 2024

Репрезентативецот Трајковски го облече дресот на Алборг

Репрезентативецот Трајковски го облече дресот на Алборг
Алборг, 10 септември 2021 (МИА) – Данскиот фудбалски прволигаш Алборг денеска официјално го претстави македонскиот репрезентативец Александар Трајковски за свое ново засилување. - Пристигна и подготвен e за настап, објави на својот Твитер профил данскиот клуб за кој Трајковски се очекува да дебитира веќе в недела на гостувањето кај Виборг. Трајковски (29) се пресели во данското првенство како позајмен играч од шпанскиот прволигаш Мајорка, за кој по пристигнувањето од Палермо во 2019 година одигра само 23 натпревари во сите натпреварувања. Алборг по седум кола во данската Суперлига е петтопласиран со 12 бодови, пет помалку од лидерот Копенхаген. ег/аа/

Остани поврзан