• недела, 22 декември 2024

Ректорот на УКИМ бара вработените на Универзитетот да се вакцинираат пред испитните сесии

Ректорот на УКИМ бара вработените на Универзитетот да се вакцинираат пред испитните сесии

Скопје, 15 мај 2021 (МИА) - Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски бара вработените од овој Универзитет да бидат што поскоро вакцинирани, но бара и одговор од надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование. 

-Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените заради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто. Имено, пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип, пишува ректорот Јанкуловски во реакцијата испратена до медиумите.

Тој, како што додава, ја поздравува имунизацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но,  истовремено тоа го сфаќа како дискриминација, бидејќи Универзитетот чиј ректор е тој, не добил никаков распоред за имунизација на универзитетите, што, според него, укажува дека имунизацијата се одвива без да се води сметка и за другите универзитети.

-Ова од причини што очекував дека штом вработените на еден универзитет се вакцинирале, дека надлежните имаат распоред и за другите универзитети и дека за распоредот ќе бидеме известени, но за жал изгледа такво нешто не постои, вели ректорот на „Св. Кирил и Методиј“ сст/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан