• петок, 26 јули 2024

Реконструкција на покривот на детската градинка „Гоце Делчев“ во Илинден

Реконструкција на покривот на детската градинка „Гоце Делчев“ во Илинден
Скопје, 20 јули 2022 Во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден во тек е реконструкција на покривот. Во градинката се вршат градежни работи, односно промена на салонитните табли со поставување на пластицифиран лим на површина од 542 метри квадратни. Увид во работните активности на градинката денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека целта е да се обезбедат подобри инфраструктурни услови во оваа детска установа. Тој додаде, приоритет секогаш ќе бидат младите и најмладите во детската градинка и училиштата, каде редовно ќе се вршат реконструкции за подобрување на условите за престој и работа. Одделение за поддршка на градоначалникот на Општина Илинден ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан