• сабота, 23 ноември 2024

Резников: Украина во моментов е најминираната земја во светот

Резников: Украина во моментов е најминираната земја во светот

Киев, 13 август 2023 (МИА) – Украина во моментов е земја со најмногу поставени мини во светот, а војниците на некои места копаат по пет мини на секој квадратен метар, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. 

Според него, земјата има хроничен недостиг од деминери и опрема за деминирање и побара помош од Западот.

Резников за Гардијан кажа дека украинските сили можат да ги минат огромните мински полиња, но дека е клучно сојузниците да ја прошират и забрзаат обуката. 

-Украина денеска е најминираната земја во светот. Имаме стотици километри мински полиња, со милиони експлозивни направи. Во некои делови од линијата на фронтот има и до пет мини на квадратен метар, рече тој.

„Руските мински полиња се сериозна пречка за нашите војници, но не и непремостливи. Имаме квалификувани експерти и модерна опрема, но тие се премалку за фронтот што се протега на стотици километри на истокот и југот од Украина“, додаде тој. 

Некои од мините беа поставени од украинските сили за да ги заштитат сопствените одбранбени линии, но руската војска е одговорна за повеќето мински полиња. сд/

 

Остани поврзан