• вторник, 17 декември 2024

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19
Скопје, 24 октомври 2020 (МИА) - Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Гевгелија-9, Струмица-29, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од: Скопје-107, Куманово-4, Штип-9, Прилеп-10, Тетово-11, Струга-4, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-1, Гевгелија-5, Струмица-4, Радовиш-6, Кочани-6, Пробиштип-1, Македоснки Брод-1, Пехчево-2, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-3. Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 11201, активни 3388 • Куманово 2095, активни 310 • Дебар 319, активни 57 • Штип 1529, активни 190 • Прилеп 1054, активни 302 • Тетово 1897, активни 395 • Струга 771, активни 80 • Велес 488, активни 136 • Битола 525, активни 171 • Охрид 593, активни 159 • Кавадарци 411, активни 158 • Гостивар 1096, активни 140 • Гевгелија 317, активни 169 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 705, активни 419 • Крива Паланка 201, активни 74 • Радовиш 199, активни 74 • Крушево 21, активни 1 • Кочани 632, активни 210 • Пробиштип 155, активни 25 • Демир Хисар 71, активни 10 • Македонски Брод 98, активни 3 • Пехчево 57, активни 9 • Берово 185, активни 49 • Валандово 92, активни 42 • Виница 162, активни 58 • Делчево 226, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 34, активни 8 • Свети Николе 447, активни 69 • Кичево 475, активни 122 • Ресен 222, активни 53 • Неготино 116, активни 58 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 1524 теста се преку: ИЈЗ-797, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-225, Биотек-107, МАНУ -119, Жан Митрев (Филип Втори) -114, Систина со PCR метода -102 , лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-9, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на Ковид -19. - На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 167 • Гази Баба – 420 • Аеродром - 656 • Карпош – 522 • Центар – 507 • Кисела Вода – 395 • Ѓорче Петров – 276 • Бутел - 140 • Шуто Оризари – 25 • Студеничани – 7 • Сарај – 21 • Арачиново – 10 • Илинден – 61 • Сопиште – 27 • Чучер Сандево – 14 • Петровец –20 • Зелениково - 8 • Странец – 22 • Нераспределен- 90. см/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан