• среда, 27 ноември 2024

Ревакцинација со друга вакцина за Грците под 60 години со здравствени проблеми што примиле прва доза Астра Зенека

Ревакцинација со друга вакцина за Грците под 60 години со здравствени проблеми што примиле прва доза Астра Зенека
Атина, 22 јуни 2021 (МИА) – Граѓаните во Грција кои се под 60-годишна возраст и имаат здравствени проблеми, а примиле прва доза на Астра Зенека, ќе можат да се ревакцинираат со друга вакцина, односно со Фајзер или Модерна, јави дописничката на МИА од Атина. Откако комисијата за вакцинација во Грција минатата седмица излезе со препорака Астра Зенека да се користи за лица над 60-годишна возраст, наместо над 30 како што беше претходно, сите што не припаѓаат на конкретната возрасна група, од денеска можат да одберат друга вакцина за втората доза, но само доколку имаат упат од лекар дека имаат здравствени проблеми поврзани со разни видови тромбоза или белодробна емболија. Останатите, доколку немаат некоја од наведените дијагнози, регуларно ќе се ревакцинираат со Астра Зенека. Граѓаните под 60 години, кои имаа закажано термин за вакцинирање со прва доза со Астра Зенека, веќе добија смс порака, доколку сакаат да ја променат вакцината. ср/гт/

Остани поврзан