• четврток, 26 декември 2024

Реал против Сити со трет најлош посед на домашен терен во ЛШ

Реал против Сити со трет најлош посед на домашен терен во ЛШ

Мадрид, 10 април 2024 (МИА) - Реал Мадрид против Манчестер сити одигра еден од најлошите натпревари според по поседот на топката. „Кралевите“ ја имаа топката кај себе 38 проценти од времето на овој натпревар. Ова е трет најлош рекорд на Реал Мадрид на домашен натпревар од Лигата на шампионите.

И претходните два случаи се на натпревари против тимовите предводени од тренерот Пеп Гвардиола.

Трите најлоши натпревари на Реал Мадрид со посед на домашен терен во Лигата на шампионите се: 24 % против Барселона на Гвардиола во 2011 година; 28 % против Баерн на Гвардиола во 2014 година; 38 % против Манчестер Сити на Гвардиола во 2024 година.

Натпреварот Реал Мадрид - Манчестер сити заврши нерешено 3:3. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан