• понеделник, 16 декември 2024

Реал Мадрид заборави на роденденот на Роналдо

Реал Мадрид заборави на роденденот на Роналдо

Мадрид, 5 февруари 2024 (МИА) – Реал Мадрид е единствениот клуб кој на социјалните мрежи не го честиташе роденденот на својата клупска легенда – Кристијано Роналдо.

Роналдо наполни 39 години и доби честитки од сите негови поранешни тимови – Манчестер Јунајтед, Спортинг и Јувентус.

Тој доби честитки и од неговиот сегашен клуб – Ал Наср и од репрезентацијата на Португалија.

Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на „кралскиот клуб“. дс/јт/

Фото: Твитер/Ал Наср

Остани поврзан