• вторник, 27 август 2024

Реакција на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски

Реакција на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски
Скопје, 6 март 2022 Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство и во чие име најавува дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје? Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси? Или како Гордана Јанкуловски и Груевски за „она на М“? За сите овие криминални и корупцуски набавки има предмети пред судовите. Мицкоски може 100 дена да прави скапи отчети, може да глуми заменик градоначалник, но факт е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, за општините и не работат ништо. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан