• понеделник, 17 март 2025

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Арбер Адеми од ДУИ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Арбер Адеми од ДУИ

Скопје, 17 март 2025

Борбата против криминалот нема боја, раса и припадност. Иако за жал за СДС и ДУИ има. Тие и од оваа тема делат на наши и ваши, на Македонци и Албанци.

За разлика од нив, ова за нас, но и за сите граѓани е борба на народот против корумпираните кои создадоа чудовиште од системот кој убива поради корупција.

Од партијата која стана колевка на криминалот нема осуда, и нема оградување. Но, тоа нема да ги спаси од одговорност. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан