• вторник, 24 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на премиерот Заев да не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на премиерот Заев да не ги прифати оставките на Филипче и Хасани
Скопје, 5 октомври 2021 Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид. Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата. Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче. Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство. Почитувана македонска јавност,  тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат. Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат. Прес-конференција на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан