• сабота, 20 јули 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Димитар Ковачевски за ТВ Сител

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Димитар Ковачевски за ТВ Сител
16 февруари 2022 Во ВМРО-ДПМНЕ има нова генерација, а Ковачевски остана пиун на Заев, денес гласаа против повисоки плати и пензии. СДСМ да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати во јавниот сектор и пензии. ВМРО-ДПМНЕ предлага покачување на пензиите за 20%, со тоа пензионерите ќе се заштитат од економскиот удар и покачените цени. Ковачевски бега од Декларацијата за Гоце Делчев, СДСМ ги минира македонските црвени линии со тоа што не се откажува од заевизмот. Ковачевски да не бега и да ја прифати Декларацијата за Гоце Делчев. Доколку Ковачевски стои зад македонските црвени линии, нема причина зошто да бега од Декларацијата. Тоа што Ковачевски бега од Декларацијата покажува дека тој не е сигурен во себе, и во тоа што преговара. Ковачевски не смее да се обврзе за заштита на Делчев, и тоа индицира дека тој работи на штета на интересите на државата. Време е СДСМ и Ковачевски да дојдат со народот, наместо да стојат наспроти него. ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално обединување кога се во прашање државните и национални интереси и нивна заштита. ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан