• сабота, 16 ноември 2024

Реакции во Србија по усвојувањето на Резолуцијта за геноцид во Сребреница

Реакции во Србија по усвојувањето на Резолуцијта за геноцид во Сребреница

Белград, 23 мај 2024 (МИА) - Граѓаните на Србија имаа можност преку јавните ТВ сервиси и порталите директно да ја следат седницата на ГС на ОН на која беше изгласана резолуцијата-Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, а во дебатните емисии по тој повод имаше и првични реакции.

Како што јави дописникот на МИА, провладините медиуми и порталите одат со наслови во кои се релатизивира нејзиното усвојување, па така Политика во насловот „Мнозинството земји-членки на Обединетите нации не ја поддржаа резолуцијата за Сребреница“ пишува дека „резолуцијата за Сребреница беше усвоена со 84 гласа „за“, од вкупно 193 земји членки на Обединетите нации, така што повеќето земји-членки на ОН не ја поддржаа резолуцијата за Сребреница“. Курир оди со текстот за тоа кои се вистинскте пријатели на Србија „Еве кои 18 земји гласаа против срамната резолуција за Сребреница“.

Најголемиот број фотографии во медиумите беа со претседателот Александар Вучиќ кој беше завиткан со срспко знаме додека седеше во салата каде се одржуваше седницта на ГС на ОН, по што Блиц објави фотографија со текст „ Вака членовите на Владата на Србија го следеа гласањето на Резолуцијата за Сребреница“ на која се гледаат министрите Синиша Мали, Ивица Дачиќ и други на чело со премиерот Милош Вучевиќ обвиткани со српски знамиња.

-Слогата ќе биде пораз за ѓаволот! Секогаш слободни и никогаш поразени! Поддршка за претседателот Вучиќ во безмилосната борба за нашиот народ и држава! Да живеат Србија и Српска засекогаш!, напиша премиерот Милош Вучевиќ на својот Инстаграм профил.

Медиумите пренесуваат и за протестот пред владата во Подгорица поради гласањето на Црна Гора за резолуцијта за геноцид во Сребреница.

Се пренесуваат и ракциите од Република Српска, па така Танјуг го цитира Претседателот на Република Српска Милорад Додик кој изјави дека, „што се однесува до демократскиот свет и она што тие не учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН, туку пропаднала“.

-На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту над половично мнозинство“, нагласи Додик и посочи дека пропаднал нивниот неуспешен план да ги обвинат Србите дека се геноцидна нација.

И додека провладините медиуми имаат текстови во насока дека се работи за „лажна резолуција“, опозициските медиуми даваат податоци дека „никаде не се наведуваат Србите како генициден народ“ и во целина го објавуваат текстот на Резолуцијата. об/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан