РБ – Хонда го претстави болидот за новата сезона
- Новиот болид на РБ – Хонда, кој минатата сезона се натпреваруваше под името Алфа Таури, е во сино – бел дизајн.

Лас Вегас, 9 февруари 2024 (МИА) – Формула 1 тимот РБ – Хонда го претстави денеска во Лас Вегас новиот болид VCARB01 со кој ќе се натпреварува во новата сезона.
Новиот болид на РБ – Хонда, кој минатата сезона се натпреваруваше под името Алфа Таури, е во сино – бел дизајн.
На промоцијата присуствуваа двајцата тимски возачи Даниел Рикардо и Јули Цунода, а на церемонијата настапи американскиот рапер Кендрик Ламар.
Алфа Таури минатата сезона го освои осмото место во конкуренција на конструктори.
Претсезонските тестираше ќе бидат извршени од 21 до 23 февруари, а новата сезона ќе стартува на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин. ег ФОТО: Фејсбук