• понеделник, 23 декември 2024

Расте отпорот на именувањето на Италијанецот Фито за извршен потпретседател на ЕК 

Расте отпорот на именувањето на Италијанецот Фито за извршен потпретседател на ЕК 

Брисел, 11 септември 2024 (МИА) – По либералната група Да ја обновиме Европа, и Зелените и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) најавија дека се против именувањето на италијанскиот министер за европски прашања Рафаелe Фито за извршен потпретседател на Европската комисија. 

Копретседателот на групата на Зелените во Европскиот парламент, Тјери Рајнке оцени дека не смее да се дозволи Европската комисија „одеднаш да се префрли в десно“, што, според него, би се случило доколку Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската партија Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони, го добие местото за кое го предлага претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. 

- Таа беше избрана во јули само затоа што ги обезбеди нашите гласови, а не оние на екстремната десница, изјави Рајнке. 

Според него, Италија има право да предложи кого сака за свој еврокомесар, но именувањето на еден десничар во „раководството на Комисијата ќе ја поткопа демократската и проевропска коалиција“ во ЕП создадена во  јули за реизбор Фон дер Лајен за претседателка на ЕК. 

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) изразува разочаруавње поради бугарската блокада на стартот на преговорите за членство Северна Македонија во ЕУ, порачувајќи дека политичката мудрост

Противење на именувањето на Фито, чија ФДИ е водечка партија во десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), изрази и СД, која оцени дека со ваквиот потег „се чини“ дека Фон дер Лајен ризикува да ја загуби поддршката на прогресивните сили во Европскиот парламент. 

- Игнорирањето на процесот на шпиценкандидати, намалувањето на родовата рамнотежа во Колеџот на комесари, назначувањето за комесар за вработување на човек чија посветеност на социјалните права во најдобар случај е сомнителна и проактивното ставање на ЕЦР во врвот на Комисијата, претставува рецепт за губење на прогресивната поддршка, се наведува во соопштението на европските социјалдемократи. 

Минатата недела, и претседателката на Да ја обновиме Европа, Валери Ајер се спротивстави на плановите на Фон дер Лајен да го предложи Фито за извршен потпретседател на ЕК и да му додели значаен ресор, оценувајќи дека таквиот потег е „политички несфатлив и неприфатлив“. 

Единствената група од т.н. проевропско мнозинство во ЕП, која засега не се изјасни против именувањето на Фито на предложената позиција е десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) од чии редови е и Фон дер Лајен. 

Европска Унија е должна да ги прекине преговорите за членство со Турција, изјави лидерот на најголемата партија во Европски парламент, Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер

Претседателот на ЕПП, Манфред Вебер пред две недели во Рим изјави дека ја поддржува идејата за „доделување силна улога на Италија“ во новата Европска комисија, алудирајќи на номинирањето на Фито практично за втор човек на Европската комисија. 

Лидерот на делегацијата на италијанската членка на ЕПП, Форца Италија (ФИ) во Европскиот парламент, Фулвио Мартусиело, минатата недела официјално потврди дека Фон дер Лајен на италијанскиот кандидат за еврокомесар ќе му ја додели позицијата извршен потпретседател на ЕК задолжен за економски прашања и за Механизмот за закрепнување и отпорност, иако ЕЦР не е дел од проевропското мнозинство.  

- На состанок на групата на ЕПП, Вебер ја претстави стратегијата на претседателката на Комисијата, која ќе вклучува 14 комесари од редовите на ЕПП. Ќе има четворица извршни потпретседатели, од кои еден ќе биде од Италија, изјави Мартусиело. 

Пред нејзиниот реизбор за претседателка на ЕК, Фон дер Лајен ветуваше дека нема да формира сојузи со екстремната десница во ЕП, во која се вбројуваат групите на ЕЦР и Патриоти за Европа (ПФЕ), па многумина европратеници од редовите на левите и центристичките партии сметаат дека со номинацијата на Фито таа го прекршила своето ветување. 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен упати писмо до персоналот на ЕК од понеделник оние кои извршуваат помалку важни функции да работат од дома „онлајн“.

Според извори во ЕП, шансите на Фон дер Лајен да го протурка изборот на Фито на предложената позиција, во вакви услови „се чинат малку веројатни“. 

Фон дер Лајен денеска требаше да го презентира предлог-составот на нејзината нова Комисија на средба со првите луѓе на пратеничките групи во Европарламентот, но состанокот на нејзино барање е одложен за следната недела, кога во Стразбур се одржува пленарно заседание на ЕП. Официјално, Фон дер Лајен побарала одлагање на средбата додека не добие официјална номинација на словенечката кандидатка за еврокомесарка Марта Кос. 

Кос, која е поранешна словенечка амбасадорка во Германија и во Швајцарија, во понеделникот беше најавена како нова кандидатка на Словенија за членка во ЕК на местото на претходно предложениот Томаж Весел, кој во петокот ја повлече својата кандидатура за еврокомесар. Повлекувањето на Весел уследи по информациите дека Фон дер Лајен, побарала од некои земји членки, меѓу кои и Словенија, да ги заменат своите предложени кандидати мажи со жени, со цел да се постигне колку што е можно поголема родова еднаквост во новото извршно тело на ЕУ. Претходно и Романија го замени својот кандидат за еврокомесар со кандидатка. сп/

Фото: ЕБС/МИА Архива

Остани поврзан