• сабота, 23 ноември 2024

Расказите на Влада Урошевиќ објавени во руското списание „Иностранаја литература”

Расказите на Влада Урошевиќ објавени во руското списание „Иностранаја литература”

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Расказите „Вест” и „Настан на летување” од академикот Влада Урошевиќ се објавени во јунскиот број на руското списание „Иностранаја литература”, во превод на Олга Панкина, популаризатор на македонската литература во странство. Мотото на списанието е „Запознај ги утрешните класици!”.

Панкина напиша и кратка белешка за Влада Урошевиќ, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на јазикот и изразот на овој македонски автор.

Панкина најави дека подготвува за публикациjа нова збирка раскази на Влада Урошевиќ која на есен ќе излезе од печат по повод 90-годишниот јубилеј на писателот. Книгата ќе има околу 350 страни и ќе содржи 35 раскази создадени од Влада Урошевиќ во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво.

Инаку, од прозното творештво на Влада Урошевиќ преведени на руски јазик од Олга Панкина се романите „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други. Како поет, Влада Урошевиќ е застапен во сите поетски антологии објавени во Русија, претставен е со двете посебни книги „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби руската награда за поезија „Златен витез“ и „Jужна sвезда“ - избор поезија од Влада Урошевиќ во препев на Панкина.бт/са/

Фото: Олга Панкина

 

Остани поврзан